Bird Bird Bird Bird Bird Bird Bird Bird Bird Bird Bird Bird Bird Bird Bird Bird

Logo

Летна школа Охрид 2016

Едно необично лето

Едукација, забава, дружење

18 - 24 јули

По незаборавните Летна школа Охрид 2013, 2014 и 2015

Центар за обука ЕВА ве поканува

на ново возбудливо лето

од 18 - 24 јули.

Внесете мејл за новости
Започнуваме за
  • 00

    days

  • 00

    hours

  • 00

    minutes

  • 00

    seconds

Центар за обука ЕВА © · ohridsummerschool.com · Дизајн & хостинг Јурак ОТ Петроф Студио

За нас

Центар за обука ЕВА (Едукативна вокациска асистенција) е центар за јазични курсеви, преводи и толкување, креативни курсеви и уметност, професионални обуки од различни области во соработка со стручњаци, консултанти и експерти од областите. Нудиме и специјализирани обуки кои вам или на вашата организација ви се потребни за да ги зајакнете човечките ресурси, за да работите со полн капацитет, да бидете поквалитетни и поконкурентни и вашите слабости да ги претворите во нови можности за напредок и успех.

ЛЕТНАТА ШКОЛА ОХРИД е прва и единствена, едукативна, креативна и забавна летна школа за сите возрасти од ваков тип во Македонија. Таа е несекојдневна можност за деца, тинејџери, студенти и возрасни да се помине необично лето и да се спои едукацијата, креацијата и забавата во едно. Оние коишто ќе се дел од неа имаат можност да изберат еден од пакетите кои нудат различни програми: курсеви по применета уметност, фотографија, шминка, нокти, јазични курсеви, англиски јазик - конверзација, македонски јазик за странци, драма, креативно пишување, сликање, подготовки за меѓународните испити TOEFL и IELTS, деловен англиски и семинар за комуникациски вештини, преговарање и решавање конфликти и школа за правилен и здрав начин на живот и energy sport camp.

Секој од пакетите вклучува сместување во хотел “Конгресен центар” – Охрид, веднаш до езеро и три оброци на ден и активности како нуркање, спортски активности со професионални тренери (фитнес, зумба, спортски игри и водени забавни игри) бродски тури, посета на автентични места и вечерни забави. Во цената на секој пакет вклучени се и наставни материјали и сертификат.

Наставата се одвива дел во природа дел во конференциските сали на самиот хотел.

После курсевите фотографија и шминка следи изложба на фотографии во Скопје и можност за пракса, а после курсот по англиска драма следи мини претстава каде младите актери ќе имаат можност да се претстават пред публика. Курсистите по шминка и нокти во пакетот имаат вклучено работен материјал.

Плаќањето е возможно да се изврши на неколку рати, а последната рата мора да се исплати до крајот на летната школа.

За малолетници е потребно писмено одобрување од родителите.

Групите и програмите се прилагодени на возраста.

За двајца од исто семејство, или истворемено пријавени колеги од факултет или работа следува попуст.

Closer

Пакети

Closer

Контакт

Контактирајте не'
Closer